Преносно значење - категорија

чади повеќе

чадат
Вид збор: Глагол, несвршен
(непреод.) Пушта чад.
Англиски: smoke Албански: tymos
Примери:
Оџакот чади.
(преод.) Држи на чад.
Англиски: smoke Албански: tymos
Примери:
Чади суво месо.

чалдиса повеќе

чалдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се чалдиса) збрлави, се мрдна (со умот), спобудали
Англиски: get crazy Албански: çmendet

чанта повеќе

мн. чанти
Вид збор: Именка, женски род
Погрдно за жена.
Англиски: slut Албански: zuskë, lavire

чапкан повеќе

мн. чапкани
Вид збор: Именка, машки род
уличар, коцкар, развратник, никаквец
Англиски: whoremonger Албански: çapkën, rrugaç

чапканлак повеќе

Вид збор: Именка, машки род
развратеност, коцкарлак
Англиски: sloth Турски: çapkınlık
Примери:
Тој е познат по пијанство и по чапканлак.

чапкундар повеќе

Вид збор: Именка, машки род
развратник
Англиски: whoremonger

чатали повеќе

(се) чаталат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се прави претерано важен.
Англиски: show off
Примери:
Се фали, се чатали пред девојчињата собрани на гумното.

чекор повеќе

мн. чекори
Вид збор: Именка, машки род
дејствие, постапка
Англиски: step Албански: hap
Примери:
Дипломатски чекор.

челен повеќе

челни
Вид збор: Придавка
Што е на чело, во првиот ред.
Англиски: frontal Албански: frontal, ballor
Примери:
Челно место.

челик повеќе

мн. челици
Вид збор: Именка, машки род
За човек, силен, карактерен.
Турски: çelik Албански: i fortë
Примери:
Како се калеше челикот.

челичен повеќе

челична
Вид збор: Придавка
Здрав, јак, тврд како челик.
Англиски: strong
Примери:
Челичен дух.

челичење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
јакне, цврсне
Англиски: steel

челичи повеќе

Види и: челик (м.)
челичат
Вид збор: Глагол, несвршен
Зајакнува, цврсне; челичи карактер, дух.
Англиски: steel Албански: çelikos
(се челичи) се зајакнува, зацврснува
Англиски: strengthen Албански: çelikos, forcoj
Примери:
Во тешкотиите се челичиме.

чело повеќе

мн. чела
Вид збор: Именка, среден род
Најпредниот дел на нешто, глава, почеток; најистакнато место.
Англиски: head Албански: kokë
Примери:
Чело на одред, баталјон и сл.

чепатење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
напрегање, напињање
Албански: tendoset

чепати повеќе

(се) чепатат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се чепати) се напрега, се напиња
Англиски: strain Албански: tendosje

чергар повеќе

мн. чергари
Вид збор: Именка, машки род
скитник
Англиски: tramp
Примери:
За мене овие ноќи се ретки како есенското сонце за чергари.

чергари повеќе

Види и: чергар (м.)
чергарат
Вид збор: Глагол, несвршен
Живее скитнички живот.
Примери:
Тој чергари со години низ внатрешноста на земјата.

черечи повеќе

черечат
Вид збор: Глагол, несвршен
раскинува, мачи, измачува
Англиски: dismember Албански: gjymtoj, mundoj

четина повеќе

мн. четини
Вид збор: Именка, женски род
тврди влакна, густа, остра коса
Примери:
Забите не му се гледаа од густата четина на брадата.

четинест повеќе

Види и: четина (ж.)
четинести
Вид збор: Придавка
Што личи на четина.
Примери:
четинеста брада

четка повеќе

четкаат
Вид збор: Глагол, несвршен
мами, залажува
Англиски: cheat
Примери:
Те четка.

чешла повеќе

чешлаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Темелно разгледува, прегледува, претресува нешто.
Англиски: comb Албански: krehem
Примери:
Полицијата го чешла теренот во потрага по убиецот.

чикер повеќе

мн. чикери
Вид збор: Именка, машки род
Нешто што е како грозд што го има многу на едно место.
Англиски: cluster
Примери:
чикер ѕвезди

чикмак повеќе

мн. чикмаци
Вид збор: Именка, машки род
Безизлез, нешто што нема излез, нема решение.
Англиски: impasse
Примери:
Секогаш наоѓаше пат да излезе од чикмаците на темнината.

чипчење повеќе

Вид збор: Именка, среден род
скржавење, цинцарење
Албански: koprraci, shtërrngim

чипчи повеќе

чипчат
Вид збор: Глагол, несвршен
скржави
Албански: shtërngoj, bëhem koprrac
Примери:
Многу чипчиш.

чист повеќе

чисти
Вид збор: Придавка
Во морален поглед - што е без гревови, без грешки, пороци и сл.
Англиски: clean Албански: i pastër
Примери:
Чиста ми е совеста.
вистински
Англиски: clear Албански: i vërtetë
Примери:
чиста љубов

чисти повеќе

чистат
Вид збор: Глагол, несвршен
премавнува, ослободува
Англиски: free Албански: pastroj, liroj
Примери:
Чисти земја (држава) од крадци.
Се истава, си оди, напушта определено место.
Англиски: disappear Албански: ikë, zhdukem
Примери:
Чисти се!

чистота повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, женски род
Особина на духот во моралот.
Англиски: cleanliness
Примери:
морална чистота

чита повеќе

читаат
Вид збор: Глагол, несвршен
(преод.) Чита книга, писмо, роман итн.
Англиски: read Албански: lexoj
Примери:
Го чита Балзака.
За чувства, мисли, намери - погодува, разбира, одгатнува.
Англиски: guess Албански: lexon
Примери:
Ти ги читам мислите.

чичка повеќе

мн. чички
Вид збор: Именка, женски род
досаден, наметлив човек
Англиски: bore
Примери:
Се лепи како чичка да чуе нешто.

чкрапне повеќе

чкрапнат
Вид збор: Глагол, свршен
намигне
Англиски: blink Албански: bëj me sy
Примери:
Чкрапне со окото.

човекојадец повеќе

мн. човекојадци
Вид збор: Именка, машки род
Суров, крвожеден човек.
Англиски: barbarian Албански: barbare

човекојадство повеќе

Види и: човекојадец (м.)
(едн.) човекојадството
Вид збор: Именка, среден род
суровост, свирепост
Англиски: barbarism

чолта повеќе

мн. чолти
Вид збор: Именка, женски род
грдо, грдотија, ковчесто чедо
Англиски: monster Албански: shëmti
Примери:
чолто една!

чпиртоса повеќе

чпиртосаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се чпиртоса) побледе, се уплаши
Албански: shpirtosem, zbehem

чувствителен повеќе

чувствителни
Вид збор: Придавка
Поголем по размери, значителен, осетлив.
Англиски: considerable Албански: i ndieshëm
Примери:
чувствително покачување на температурата

чудовиште повеќе

мн. чудовишта
Вид збор: Именка, среден род
За човек необичен со својата суровост и настраност или со голема грдотија.
Англиски: monster Албански: monster, përbindësh

чука повеќе

чукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
става, мота
Англиски: stuff Албански: fut
Примери:
Само чука дрва во огнот, а не праша дали има.

чукне повеќе

чукнат
Вид збор: Глагол, свршен
става
Англиски: put Албански:
Примери:
Чукни му уште малку сол на јадењето.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш